Работни односи 

  • Изготвување на договори за вработување;
  • Изготвување на правилници за уредување на работен ред и дисциплина, конкурентска клаузула, деловна тајна и други прашања од областа на работните односи;
  • Изготвување на систематизација на работните места;
  • Изготвување на одлуки од работените односи;
  • Правна помош, советување и застапување во дисциплински постапи пред работодавач;
  • Правна помош, советување и застапување во судски постапки во работни спорови за остварување на правата на работодавачите и на работниците;
  • – Надомест на штета од неисплатена бонуса плата;
  • – Надомест на штета од неисплатена изработена – прекувремена работа;
  • – Надомест на штета од неисплатен годишен регрес;
  • Остварување на права од работен однос на страни државјани во Република Северна Македонија;
  • И други правни основи кои произлегуваат од позитивните законски прописи;

Адвокатска канцеларија Ибраим Бајрами обезбедува правна помош во сите сфери на трудовото право и работните односи. Особено сме специјализирани во областа на обезбедување на правна помош при остварување на правата за вработување на странци со обезбедување на работни дозволи за странци.

Нашите услуги се состојат од изготвување на договори за вработување, договори за дело, договори за практикантство, менаџерски договори и други видови договори врзани со вработување како и пријава и одјава на работници во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Обезбедуваме правна помош, советување и застапување при спроведување на дисциплински постапки, подготовка на правилници за работни односи, правилник за систематизација на работните места, кодекси на однесување, етички кодекси, безбедност и заштита при работа и др.

Обезбедуваме советување, правна помош и застапување за спечување од дискриминација, мобинг, здравствено осигурување како и при заштита на лични податоци.

mk_MKMacedonian