Интелектуална сопственост
- Правна помош, советување и застапување во постапка за заштита на трговски марки, патенти и дизајни;
- Правна помош, советување и застапување во судска постапка за заштита на авторски права;
Во оваа област нудиме широк спектар на услуги вклучително и правни мислења и совети за прашања од индустриска сопственост и авторското право. Како регистриран застапник, нудиме можност за реализација на правата од интелектуална сопственост преку заштита на истите со поднесување на апликација пред Државниот завод за заштита на индустриска сопственост и другите надлежните институции, спроведување на истата, се до конечна регистрација на правата од индустриска сопственост.