Заштита на лични податоци
- Надворешен консултант: За офицерот за заштита на лични податоци на вашата компанија;
- Правна помош, советување за намалување на ризиците и обезбедување усогласеност со Законот за заштита на личните податоци при изготвување на документи;
- Правни консултации за компании: Понуда на стручни совети за Законите за заштита на податоци и како тие се однесуваат на основните операции на вашиот бизнис или организација;
- Правна помош, советување и застапување во постапки за заштита на личните податоци од незаконска обработка пред регулаторите органи, Агенцијата за заштита на личните податоци, и пред надлежните судови;
Главната цел на правото за заштита на лични податоци е заштита на правата на приватноста на индивидуите и овозможување на слободен тек на лични податоци во рамките на утврдената правна рамка.
Законот за заштита на личните податоци се заснова на неколку основни принципи кои гарантираат законитост, праведност и транспарентност во обработката, ограничување на целта на обработката, точност, ограничување на времетраењето на чувањето, обезбедување на интегритет и поверливост и одговорност од страна на оние кои обработуваат лични податоци.
Правна рамка за заштита на личните податоци првично е регулирана со Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR), која стапи на сила во Мај, 2018 година Дизајнирана од Европската Унија со цел за да ја зацврсти и унифицира заштитата на личните податоци за сите индивидуи во Европската Унија и Европската Економска Зона (ЕЕА). Основана на неколку клучни принципи кои се фокусираат на приватноста и безбедноста на личните податоци.
Вклучувањето на барањата за транспарентност при обработката на податоци, овластувањето на субјектите на податоците со правата врз нивните информации, поставувањето на јасни протоколи за давање согласност, и воведувањето на строги стандарди за безбедност на личните податоци и известување при нарушување на податоците се само некои од нејзините основни аспекти.
Поради укажаната потреба за усогласеност со стандардите на GDPR и донесената Општа регулатива за заштита на податоци (GDPR), која стапи на сила во Мај, 2018 година Дизајнирана од Европската Унија. Република Северна Македонија презема значајни чекори кон усогласување на своето национално законодавство со GDPR и донесе Закон за заштита на личните податоци, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/20, дизајниран на начин кој што ги вклучува основните принципи и барања на GDPR, вклучително и одговорност, транспарентност и правата на индивидуите врз нивните лични податоци.
Нашата правна помош се состои од правна поддршка и помош за успешно справување со комплексностите на законите за заштита на личните податоци.